РАЗБИРАЊЕ НА ДЕТЕТО И РАЗВОЈОТ

16.000,00 ден

Курсот “Разбирање на детето и развојот” е своевидна библиотека на знаење за детето, неговиот развој и родителската улога. Место на кое ќе можете да се навраќате во различните фази од растењето на вашето дете, секогаш кога ќе посакате подобро да разберете нешто што се случува или да погледнете од друга перспектива на ситуациите со кои се соочувате во семејното секојдневие.

Free shipping on orders over $50!

  • Check Mark Satisfaction Guaranteed
  • Check Mark No Hassle Refunds
  • Check Mark Secure Payments
GUARANTEED SAFE CHECKOUT
  • Visa Card
  • MasterCard
  • American Express
  • Discover Card
  • PayPal
Category:

Description

Курсот е наменет за возраст од 0-9 години и опфаќа различни теми поврзани со детскиот развој и семејниот живот, меѓу кои се: разбирањето на однесувањето, поврзаноста, соработката, поставувањето граници, резилиентноста, потребите на детето и неговата вклученост во домашните обврски. Содржините постојано се надополнуваат со нови материјали, теми и знаења, со цел да ви овозможат уште подлабоко разбирање на детето и на родителската улога.

Целта е да стекнете знаење што ќе ви помогне да ја разбирате пошироката слика на детскиот развој, да препознавате што му е потребно на вашето дете во различните развојни периоди и посигурно да ја преземате својата улога во неговото растење.

Наместо да барате нов одговор за секоја ситуација, ќе градите разбирање на кое ќе можете да се потпрете и да го применувате во сопствениот семеен живот.

ШТО ОБРАБОТУВА КУРСОТ

Курсот е структуриран околу клучните теми што го поддржуваат развојот и созревањето. Секој модул обработува различна тема:

Однесувања

Кои се однесувањата кои најчесто се манифестираат првите години и зошто е тоа така. Како најдобро да го поддржиме детето за да не го попречиме она што природно треба да дојде со самото созревање.

Потреби и услови за созревање

Кои се тие потреби, односно кои се тие услови што треба да ги создаваме за нашите деца да цветаат – да созреваат и да ги развијат своите потенцијали.

Поврзаност

Како се продлабочува поврзаноста низ годините и како се гради сигурна врска што е основа за соработка, саморегулација и чувство на безбедност. 

Соработка

Зошто соработката не се учи преку притисок и награди, туку преку однос, водство и развојна зрелост. Во овој модул ќе дознаеш зошто децата одбиваат да соработуваат и ќе научиш да разликуваш типична од нетипична несоработливост, но и за комуникација која поттикнува соработка.

Граници

Како да се поставуваат јасни граници без закани, викање и надворешни методи туку преку граници што штитат и водат. Децата не следат правила, туку луѓе со кои се поврзани.

Резилиентност

Како детето ја гради способноста да се носи со фрустрација, разочарување и тешки емоции, без да биде „форсирано“ да биде силно.

Заглавеност во развојот

Созревањето е природен, не и неминовен процес. Тука ќе слушнеш зошто понекогаш развојот стагнира – кои однесувања го сигнализираат тоа и како да се создадат услови за непречено созревање. 

Вклученост на децата во грижата за домот

Вклученоста во грижата за домот им помага да развијат чувство за одговорност, соработка, компетентност, припадност, а истовремено ги учи да ја ценат заедничката работа и придонесот кон семејниот живот. Во овој модул ќе ви го пренесам мојот систем за вклучување на децата во грижата за домот кој дава резултати. Ќе научите конкретни начини како да ги вклучите децата во домашните задачи, како да го направите тоа природно и пријатно, и како преку секојдневните обврски да ги поттикнувате нивните вештини. 

Additional information

color

Blue, Red, Yellow

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “РАЗБИРАЊЕ НА ДЕТЕТО И РАЗВОЈОТ”

Your email address will not be published. Required fields are marked *