ОНЛАЈН КУРСЕВИ ЗА РОДИТЕЛИ

Поддршка за посвесно, посигурно и поврзано родителство

Практични онлајн курсеви и ресурси кои ќе ви помогнат подобро да го разберете вашето дете и себе си како родител.


ЗА МЕНЕ

Здраво, јас сум Марија

мајка на три деца и едукатор на родители.
Мојата работа е посветена на разбирањето на децата, нивниот развој и градењето семејни односи во кои има место и за блискост, и за јасни граници, и за одговорност, и за растење.
Верувам дека за да можеме вистински да ги водиме нашите деца, потребно е најпрво да ги разбереме. Да разбереме што стои зад нивното однесување, кои се нивните развојни потреби, што можеме да очекуваме од нив на одредена возраст и каква улога имаме ние, возрасните, во нивното созревање.

Дали се пронаоѓаш во ова?

За родители кои сакаат подобро да го разберат своето дете, но и себеси во улогата на родител.

Губите стрпение

Често реагирате пред да размислите, а потоа се чувствувате виновни.

Граници без емпатија

Сакате да бидете нежни, но и јасни — и не знаете како.

Не знаете што е нормално

Се прашувате дали однесувањето е фаза или проблем.

Разбирање на детето и развојот

Практичен курс кој ќе ти помогне подобро да го разбереш детето, да изградиш цврста поврзаност, да поставуваш здрави граници и да поттикнеш соработка без страв, казни и викање.

  • Разбирање на однесувањето 
  • Поврзување
  • Граници
  • Соработка
  • Ситуации
Повеќе за курсот
КОНТАКТ

Контактирај ме

Ако имаш прашање или ти е потребна поддршка во родителството, пиши ми. Со задоволство ќе те слушнам.