Марија илкоска

За мене

мајка, едукатор на родители и верувам дека секое дете заслужува да биде разбрано, а секој родител да се чувствува сигурен во својата улога.

  • “За да можеме вистински да ги водиме нашите деца, потребно е најпрво да ги разбереме. Да разбереме што стои зад нивното однесување, кои се нивните потреби и каква улога имаме ние во нивното растење и созревање.”
    Марија Илкоска
    Едукатор

Мојата мисија

Мојата работа е посветена на разбирањето на децата, нивниот развој и градењето семејни односи во кои има место и за блискост, и за јасни граници, и за одговорност, и за растење.


Верувам дека за да можеме вистински да ги водиме нашите деца, потребно е најпрво да ги разбереме. Да разбереме што стои зад нивното однесување, кои се нивните развојни потреби, што можеме да очекуваме од нив на одредена возраст и каква улога имаме ние, возрасните, во нивното созревање.
Преку моите содржини им помагам на родителите да стекнат подлабоко разбирање за детскиот развој и да изградат поголема сигурност во сопствената родителска улога.
Во основата на мојата работа е уверувањето дека на децата им се потребни возрасни кои ќе бидат нивна сигурна потпора, кои ќе умеат да ги водат со топлина, но и со јасност, кои ќе поставуваат граници и ќе преземаат одговорност за односот.
Особено ми е важно да зборувам за вредноста на едноставното семејно секојдневие, за семејната култура со која растат децата и целото семејство, за поврзаноста, одморот, играта, заедничката работа. За сите оние навидум мали нешта преку кои децата растат, созреваат и постепено го наоѓаат своето место во светот.
Мојата желба е родителите да добијат знаење кое ќе им помогне самостојно да размислуваат, подобро да ги разбираат своите деца и со поголема јаснотија да го водат своето семејство.

свесно родителство

Родителството започнува со:

01

Разбирање

Најпрво разберете што стои зад детското однесување.

02

Љубов и граници

Водете ги со топлина, јасност и одговорност.

03

Сигурна потпора

Бидете тука за нив додека растат и го откриваат светот.